СО ТРАКТОРИ И ВИНО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ  ГО БЛОКИРАА ПАТОТ БИТОЛА -ПРИЛЕП ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ТРАКТОРИ И ВИНО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ  ГО БЛОКИРАА ПАТОТ БИТОЛА -ПРИЛЕП ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА

     

    Триесетина земјоделци од Пелагонија со земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат од Битола за Прилеп. Земјоделците велат дека протестираат против албанската платформа и се залагаат за унитраноста на Македонија. На тракторите се веат македонски знамиња, а поставени се и чашки со вино и ракија за освежување. Земјоделците протестираат пеејќи македонски патриотски песни.

    „Како земјоделци сметаме дека треба да го кренеме гладот против албанската платформа зашто со неа се кратат правата на Македонците“, рече Васко Јосифовски претставник на земјоделците.

    Поради блокадата на магистралниот пат се формираа колони од возила и камиони.

    Блокадата на патот не била пријавена во полиција, иако според законот не е дозволено блокирање на магистрални патишта.

    Демонстрантите најавија дека блокадите ќе траат по еден час и половина, од утре по два часа, „сѐ дури не се отфрли платформата“.

    Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, почнаа завчера, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на Телевизија Сител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој не успеа да формира влада со ДУИ оти беше против продолжување на мандатот на СЈО, во кој порача дека државата е нападната и само народот може да ја одбрани. На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции, а од вчера освен во Скопје се одржуваат и во други градови. Иницијативата беше промовирана завчера од директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и пијанистката и амбасадор на културата во Австрија Елена Мисиркова Лоза. Според организаторите, овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија, а против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира