ТРАНСПАРЕНТ „ШИРОК СОКАК УМИРА“ ОПТЕГНАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

    ТРАНСПАРЕНТ „ШИРОК СОКАК УМИРА“ ОПТЕГНАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛАКираџии на Широк Сокак велат дека градот е погоден од голем иселенички бран, прометот е намален, се затвораат дуќани, а ваквиот тренд не ги намалува високите цени на дуќаните што се издаваат под кирија. (Фото: СДК.МК)

    Транспарент со натпис „Широк Сокак умира“ денес е поставен над едно од кафулињата што се затвори на Широк Сокак. Некој се инспирирал да го постави транспарентот откако минатата недела на една од најпознатите улици во земјава каде ритуал е пиењето кафе, во ист ден се затворија три кафулиња. Затворањето на кафулињата некои од газдите ги лоцираат во големите кирии на дуќаните, намалениот број гости и слабата економска моќ на граѓаните.

    Кираџии на Широк Сокак велат дека градот е погоден од голем иселенички бран, прометот е намален, се затвораат дуќани, а ваквиот тренд не ги намалува високите цени на дуќаните што се издаваат под кирија. Нема месечна наемнина за дуќан под 2.000 евра, а највисоката се движи до 5.000 евра, како да се работи за локали на познатите улици во Минхен или на париската Шанзелизе. Месечниот закуп за дуќаните кои се плаќаат во странска валута е 11 пати повисока од просечната и 26 пати од најниската плата во земјава.

    Додека дел од кафулињата со празни маси чекаат муштерии, уличните кучиња на сепарињата наоѓаат засолниште од дождот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира