ТРЕТПАТ ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ИЗГРАДБАТА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО

    ТРЕТПАТ ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ИЗГРАДБАТА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВОНа рочиштето не присуствуваше обвинетиот Артан Арслани, кој беше претседател на комисијата за јавни набавки за изградбата на театарот и библиотеката, а исто така беше отсутен и претставник на Министерството за култура и туризам.(Фото: СДК.МК)

    И третиот обид да започне судењето за судењето за сторени повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот татар и библиотека во Тетово беше неуспешен. Овој пат на рочиштето не присуствуваше обвинетиот Артан Арслани, кој беше претседател на комисијата за јавни набавки за изградбата на театарот и библиотеката, а исто така беше отсутен и претставник на Министерството за култура и туризам.

    Адвокат на Арслани пред судот приложи лекарско уверение дека неговиот клиент не може да присуствува на судењето поради здравствени причини. Судијата Елведин Ферати го прифати лекарското уверение за Арслани.

    Адвокатот на обвинетите Фетаси и Арслани побара од судот да се одложи денешната расправа бидејќи не можел да изврши целосен увид на списите на предметот поради технички проблеми во судот, а кон ова барање се придружија и другите бранители на обвинетите кои исто така побараа и тие да извршат целосен увид на доказните материјали.

    Судијата Елведин Ферати, поради отсуството на обвинетиот Арслани и по барањето на одбраната, го прифати барањето и наредното рочиште го закажа за 25 ноември 2025 година, но ги опомена бранителите дека судот нема да дозволи да ги злоупотребуваат нивните права и да го одолговлекуваат судењето.

    На обвинителната клупа во Основниот суд во Тетово се Хаки Фетаи, тогашен директор на Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“, кој еден период беше задолжен и за изградбата на театарот и библиотеката, Артан Арслани, претседател на комисијата за јавни набавки, а потоа и в.д директор на Центарот за култура во Тетово и Бајрам Муча, како главен надзорен инженер во правното лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015-2020 година. Обвинетиот е и Себи Шасивари, сопственик и управител на обвинетото правно лице „Урбан план Констракшн“ од Тетово.

    Според соопштението од Обвинителството, тие во периодот од 2014 до 2020 свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување договор за јавна набавка и ги злоупотребиле своите службена положба и овластувања, со што за обвинетото правно лице оствариле имотна корист во износ од 832.983.064 денари.

    З.АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира