Уште едно лице вработено во Инфективното одделение на Велешката Болница е позитивно на КОВИД-19, објави Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) на Велес. Изминатите 24 часа се регистрирани три нови случаи на КОВИД-19 на територијата на градот. Бројката на дијагностицирани пациенти заразени со коронавирус во Велес стигна до 62 лица.
Новите регистрирани позитивно тестирани на коронавирус се лице вработено во болницата и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката „Жан Митрев” откако имале симптоми на КОВИД-19 – изјавија од велешкиот ЦЈЗ.
Досега во Велес пет здравствени работници се регистрирани како позитивни на коронавирусот, три се од Центарот за јавно здравје и две од Инфективното одделение на болница.
П.ПЕЧКОВ