ТРИ НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ НОЌЕСКА НА ЛИЦА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

    ТРИ НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ НОЌЕСКА НА ЛИЦА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦАВо текот на вчерашниот ден беа регистрирани четири смртни случаи, еден беше од Свети Николе, тројца од Велес. Со ова, бројот на почнати во велешко од коронавирусот е 23 лица. (Фото: СДК.МК)

    Ноќва има нови тројца починати пациенти на инфективно одделение во Велешката болница, соопшти оваа здравствена институција. Сите тројца биле позитивни на ковид-19.

    „Двајца пациенти се од Градско, мажи на 65-годишна возраст и на 79 години. Почина уште еден пациент, исто така маж, тој е од Велес на 89-годишна возраст“, изјави д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.

    Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани четири смртни случаи, еден беше од Свети Николе, тројца од Велес. Со ова, бројот на почнати во велешко од коронавирусот е 23 лица.

    На Инфективното одделение на пладне имало 33 пациенти, 30 потврдено позитивни, а тројца сомнителни, 12 биле на кислородна поддршка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира