ЦИСТЕРНИ ГИ СНАБДУВААТ СО ВОДА ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ДРУГИ УСТАНОВИ ВО БИТОЛА ПО ГОЛЕМИОТ ДЕФЕКТ

    ЦИСТЕРНИ ГИ СНАБДУВААТ СО ВОДА ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ДРУГИ УСТАНОВИ ВО БИТОЛА ПО ГОЛЕМИОТ ДЕФЕКТГолемиот дефект на водоводната мрежа во Битола се случи синоќа и градот во три часот остана без вода (Фото: СДК.МК)

    Откако Битола и делови од соседните општини Новаци и Могила кои се поврзани на градскиот водовод остана без вода повеќе од 15 часа, попладнево и цистерни на приватна компанија се вклучија во обезбедувањето на клучните установи со санитарна вода. Цистерни однесоа вода и во Клиничката болница, Здравствениот дом и други институции и околни села, како Мусинци и Добрушево.

    Во текот на денот, доколку има потреба, ќе бидат испорачани дополнителни количини санитарна вода. Во акцијата се вклучени и волонтери од Црвен крст, кои помагаат логистички.

    Големиот дефект на водоводната мрежа во Битола се случи синоќа и градот во три часот остана без вода. Се работи за цевководот на пумпната станица „Довлеџик“, кој е важен за пумпање вода од Стрежевската акумулација во водоводниот систем во Општина Битола. Екипи на битолски „Водовод“ се на терен од синоќа и работат на поправка на дефектот. Откако тој ќе се санира, ќе бидат потребни два часа за да се наполни системот со вода и да се нормализира водоснабдувањето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира