Попладнево, облак со црн чад се издигна над Битола и се шири смрдеа на изгорено. Од Територијалната противпожарна единица ни потврдија дека чадот доаѓа од запалена дива депонија на улицата Петта.
На оваа депонија често се фрла ѓубре од повисоките делови на населбата Баир каде нема организирано собирање на сметот.
На Баир има и други диви депонии кои се чистат за време на еколошки акции, но потоа пак се создаваат.
Ж. ЗДРАВКОВСКА