Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости пред познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила.
Од МВР велат дека вечерва во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир на паркингот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов.
„На 09.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23) и М.З.(24), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу С.С., М.З. и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна. Сите тие претходно биле во угостителскиот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“, велат до МВР.
А. АНТЕВСКА



