УБИЕН 59-ГОДИШЕН КАВАДАРЧАНЕЦ, СЕ ОБИДЕЛ ДА РАЗДВОИ ДВЕ ЛИЦА КОИ СЕ ТЕПАЛЕ, ПА БИЛ ПРОБОДЕН СО НОЖ

    УБИЕН 59-ГОДИШЕН КАВАДАРЧАНЕЦ, СЕ ОБИДЕЛ ДА РАЗДВОИ ДВЕ ЛИЦА КОИ СЕ ТЕПАЛЕ, ПА БИЛ ПРОБОДЕН СО НОЖОсомничениот за убиството по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода. - Судот во Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    Вчера во Кавадарци убиен е 59-годишен маж (З.П) кој се обидувал да раздвои две лица кои се тепале. Полицијата го лишила од слобода како осомничен кавадарчанецот Х.С.( 45 ).

    „Х.С се сомничи дека на 15.11.2021 околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на улица Методија Џунов во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци“, соопштија од МВР.

    Во врска со случајот во Полициската станица Кавадарци бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.

    Од ОЈО Кавадарци велат дека започната е  истражна постапка  заради сомнение за сторено кривично дело убиство.

    „На 15 ноември 2021 година, околу 23.30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало. Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода“, соопштија од ОЈО Кавадарци.

    Обвинителството издало наредба за обдукција на телото на починатиот З.П., наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради можноста за бегство или да влијае врз сведоците.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира