УЧЕНИЦИ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ СЕ ПОЖАЛИЛЕ НА ТРУЕЊЕ, ЗАТВОРЕНА Е КУЈНАТА

    УЧЕНИЦИ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ СЕ ПОЖАЛИЛЕ НА ТРУЕЊЕ, ЗАТВОРЕНА Е КУЈНАТАИнспектори денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во училиштето. (Фото: Општина Карпош)

    Поголем број ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пожалиле на стомачни болки, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

    Инспекциските служби на Агенцијата во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во училиштето.

    „Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е привремено затворена. Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета, а ќе бидат земени мостри од инкриминирана храна, работни површини, прибор и машини за лабораториско тестирање“, велат од Агенцијата, додавајќи дека по завршување на контролата, јавноста ќе биде информирана за резултатите и изречените мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира