УЧЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОСТАНАА БЕЗ ОБРОЦИ ОТИ ДОЦНИ ТЕНДЕРОТ

    УЧЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОСТАНАА БЕЗ ОБРОЦИ ОТИ ДОЦНИ ТЕНДЕРОТОд Општина Аеродром велат дека во тек е жалбената постапка за тендерот и од понеделник децата ќе добијат храна. (Фото: Општина Аеродром)

    Учениците од основните училишта во Општина Аеродром второто полугодие од учебната година ќе го почнат без да добиваат оброци. Родителите утрово добиле пораки да им подготват храна на децата бидејќи во училиштето нема да добијат. Учениците од прво до петто кои посетуваат целодневна настава добиваат во училиштата два оброци на ден, појадок и ручек, за што плаќаат 1.470 денари месечно.

    Проблемот е настанат бидејќи сè уште не е завршен тендерот за снабдување со оброци на училиштата. Од Општина Аеродром велат дека проблемот ќе биде решен наскоро и веќе од понеделник децата ќе имаат редовни оброци.

    „Тендерот сè уште не е затворен бидејќи имавме жалбена постапка. Рокот за жалба истекува оваа недела и веќе од понеделник децата ќе добиваат оброци“, велат од Општина Аеродром.

    На почетокот на учебната година во септември учениците од Аеродром останаа без униформи бидејќи пропадна тендерот за избор на фирма која ќе ги шие.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира