УЧИЛИШТАТА ВО КУМАНОВО ОСТАНАА БЕЗ НАФТА ЗА ГРЕЕЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УЧИЛИШТАТА ВО КУМАНОВО ОСТАНАА БЕЗ НАФТА ЗА ГРЕЕЊЕ

    Четири основни училишта во Куманово денеска останаа без греење, поради тоа што снемаа нафта. Наставата во училиштата „Христијан Карпош“, „Бајрам Шабани“, „Вук Караџиќ“ и “Наим Фрашери“ во првата смена е прекината по вториот час, а втората воопшто не започнала поради ладните училници. Родителите и професорите се револтирани и бараат одговорност од надлежните.

    „Општината требаше навреме да набави нафта. Ние доставуваме точни податоци колку нафта ни треба месечно, и по таа пресметка требало да се води сметка и за резервните количини. Имаме разбирање за временските околности, но овој проблем се провлекува втора недела. Ние не можеме нормално да ја спроведуваме наставата и се соочуваме со револтот на родителите, заради состојбата во која се најдовме“, – велат револтирани директори и професори од училиштата.

    Од општина Куманово признаваат дека четири училишта останале без греење, поради проблеми со набавка на нафта, но тврдат дека прават големи напори да го решат.

    „Во текот на денот е доставена одредена количина на нафта и училиштата ќе добијат греење. Проблемот настана, поради тоа што заврши договорот со старата фирма, а потребно е време и жалбен рок за да отпочне соработката со новата фирма што ја избравме на тендер. До наредната среда некако ќе кубуриме и ќе набавуваме како знаеме, а потоа набавката целосно ќе се нормализира“, – изјави Жика Крстевски, раководител во Секторот за образование.

    На прашањето зошто дозволиле во вакуум просторот меѓу два тендери училиштата да останат без нафта Крстевски се правда дека ги извисил стариот доставувач, кој не им ги испорачал нарачаните количини, кои требало да го покријат овој период.

    Во Куманово 8 основни и средни училишта се грејат на нафта, а останатите на гас и тие немаат проблеми со греењето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира