УЧИЛИШТЕТО ВО УМИН ДОЛ ЗА ПРВПАТ ДОБИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ И ЗАБАВЕН ПАРК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:48:"УминДол,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УЧИЛИШТЕТО ВО УМИН ДОЛ ЗА ПРВПАТ ДОБИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ И ЗАБАВЕН ПАРК

    Полското веце и калливите патеки во училишниот двор ќе бидат минато за учениците од основното училиште „Карпош“ во кумановското село Умин Дол. Со проектот „Акции во заедницата“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), финансиска помош на Британската амбасада и општина Куманово, во новата учебна година училиштето доби современи сантарни јазли и поплочен училишен двор со уреден забавен парк. Проктот чини 3,5 милиони денари, од кои два милиони денари обезбеди МЦМС, а 1,5 милиони денари општината.

    Централното основното училиште „Карпош“ го посетуваат 146 ученици од три соседни села и досега немаше санирани јазли туку полско веце без вода, до кое водеше калива патека. Поради тоа децата зиме се главеа во кал, а лете во прашина. На овој проблем со години алармираа родителите, плашејќи се дека може да дојде до појава на заразни болести. Ова е едно од ретките селски училишта каде што расте бројот на запишани првачиња.
    „Концептот беше учество на граѓаните при носење на одлуки на локално ниво, што значи дека во селата беа спроведни форумски сесии каде што жителите дебатираа за клучните приоритети на своето село. Во случајот со Умин Дол, жителите предложија 6 различни проекти, кои им беа од клучен приоритет, по што на крајот со гласање направија приоритизација. На прво место го рангираа новиот санитарен јазол, потоа детското игралиште со парк. Денеска избраните проекти ги пуштаме во употреба, заеднички да се израдуваме на  успехот. Јас се надевам дека и во иднина ќе се спроведуваат вакви проекти каде што граѓаните ќе го имаат свеоето учество“, изјави Димче Митрески,координатор на проектот од МЦМС.

    „Карпош“ го посетуваат 146 ученици од три соседни села и досега немаше санирани јазли туку полско веце без вода, до кое водеше калива патека

    „Карпош“ го посетуваат 146 ученици од три соседни села и досега немаше санирани јазли туку полско веце без вода, до кое водеше калива патека

    „Месното население на село Умин Дол на еден демократски и транспарентен начин одлучи средствата да се вложат во нашето училиште, всушност ги вложија во својата иднина бидејќи овде учат деца не само од Умин Дол, туку и од Ново Село и Љубодраг“, изјави директор Владимир Јовановиќ.
    Градоначалникот Зоран Дамјановски вети дека ќе продолжат да работат на проекти кои се приоритет за месното населние за да се подобрат условите за живот во приградските и селски населби.
    Во рамките на „Акции во заедницата“ на МЦМС реализирани се проекти и во кумановското село Горно Којнаре и Отља во Липково.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира