Несовесни граѓани откорнаа и украдоа борчиња што ги имаа засадено ученици од основното училиште „Коле Канински“ од Битола. Борчињата успеаја да фатат корен само три месеци, а вчера, половина од садниците беа откорнати.
На местото на садниците останаа дупки. Учениците разочарано апелираат да не им се гази на трудот и да не им се обезличува опкружувањето.
Ова не е првпат да се крадат млади садници од зелени површини низ Битола. Додека едните садат, а другите крадат, на интернет можат да се прочитаат огласи на битолчани кои продаваат зимзелени садници за 100 денари од стебло.
Ж. ЗДРАВКОВСКА