УКРАДЕНИ БОРЧИЊАТА ШТО БИТОЛСКИ УЧЕНИЦИ СИ ГИ ЗАСАДИJA ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР

    УКРАДЕНИ БОРЧИЊАТА ШТО БИТОЛСКИ УЧЕНИЦИ СИ ГИ ЗАСАДИJA ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОРБорчињата беа засадени во кругот на основното училиште „Коле Канински“ пред три месеци (Фото: СДК.МК)

    Несовесни граѓани откорнаа и украдоа борчиња што ги имаа засадено ученици од основното училиште „Коле Канински“ од Битола. Борчињата успеаја да фатат корен само три месеци, а вчера, половина од садниците беа откорнати.

    (Фото: СДК.МК)

    На местото на садниците останаа дупки. Учениците разочарано апелираат да не им се гази на трудот и да не им се обезличува опкружувањето.

    Ова не е првпат да се крадат млади садници од зелени површини низ Битола. Додека едните садат, а другите крадат, на интернет можат да се прочитаат огласи на битолчани кои продаваат зимзелени садници за 100 денари од стебло.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира