На неколку булевари и улици низ Скопје синоќа се украдени капаците од шахтите и решетките за сливниците. Како што велат од ЈП „Водовод и канализација“, нема десетина капаци и решетки долж булеварите Илинден и 8 Септември, како и на улицата Карпошово востание.
„Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош. Во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети. Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци, решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од „Водовод и канализација“.
Не е првpпат во Скопје да се краде урбана опрема, која потоа се продава како старо железо.
А. АНТЕВСКА