Од сефот на Јавното претпријатие (ЈП) „Паркови и зеленило“ во Скопје е урадено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според билтенот на МВР, на 5 јануари околу 9 часот во СВР Скопје, од „Паркови и зеленило“ е пријавено дека во периодот од од 2 до 5 јануари во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.



