УЛИЦИТЕ ЗА КОИ СМЕ НАДЛЕЖНИ СЕ ЧИСТИ И ПРООДНИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    УЛИЦИТЕ ЗА КОИ СМЕ НАДЛЕЖНИ СЕ ЧИСТИ И ПРООДНИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕДосега се фрлени над 1.000 тони сол на градските булевари и улици. (Фото: Град Скопје)

    Сите градски улици и булевари во текот на деноноќието беа чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот, а јавниот превоз се одвива без проблеми и нема одложени градски линии на ЈСП Скопје, велат од Град Скопје по состанокот на кризниот штаб. 

    „Екипите на зимската служба на Град Скопје беа на терен уште од почетокот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, при што досега се фрлени над 1.000 тони сол на градските булевари и улици“, велат од Град Скопје и додаваат дека интензивно се расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

    Оттаму потсетуваат  дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира