УШТЕ НА ПРВИОТ ДЕН ОДЛОЖЕН СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА РУШЕЊЕТО НА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА НА РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВЕЛЕС

    УШТЕ НА ПРВИОТ ДЕН ОДЛОЖЕН СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА РУШЕЊЕТО НА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА НА РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВЕЛЕСДел од зградата на Работничкиот универзитет во Велес се сруши пред скоро три години, на 17 јуни 2022 година. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд Велес требаше да започне судскиот процес за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ во Велес. Но,  по барање на бранителката на обвинетиот Рифат Беровиќ, која пред неколку дена била избрана за адвокат за овој случај, почетокот се одложи.

    „Бидејќи на 5 јуни го добив овој предмет потребно ми е време да се подоготвам, но потребни ми се и списите од него за увид“, рече адвокатката, што судијата Ангел Трипчев го прифати.

    Во судницата не беше присутен претставникот на обвинетото правното лице  ДТТУ „Беровиќ транскоп ДООЕЛ“  од скопско Батинци.  Во судницата ги немаше и бројните сведоци, освен на испитната комисија за полагање возачки, која беше закупец на простор во зградата.

    Обвинението за физичкото лице, Рифат Беровиќ е за  Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 289, а за правното лице ДТТУ „Беровиќ трансшпед“  за Предизвикување опасност при градежни работи од член 289 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Дел од зградата на Работничкиот универзитет во Велес се сруши пред скоро три години, на 17 јуни 2022 година.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира