УСЛОВНА КАЗНА ОД 3 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ДОБИ РОДИТЕЛ ОД ВЕЛЕС ЗАШТО МУ ДАЛ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ НА МАЛОЛЕТНИОТ СИН КОЈ ГО ВОЗЕЛ СО ДРУГАР, ПАДНАЛЕ И СЕ ПОВРЕДИЛЕ

    УСЛОВНА КАЗНА ОД 3 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ДОБИ РОДИТЕЛ ОД ВЕЛЕС ЗАШТО МУ ДАЛ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ НА МАЛОЛЕТНИОТ СИН КОЈ ГО ВОЗЕЛ СО ДРУГАР, ПАДНАЛЕ И СЕ ПОВРЕДИЛЕНа родителот му се судеше во судот во Велес за кривичното дело Предизвикување на општа опасност. (Фото: СДК.МК)

    Родител од Велес е прогласен за виновен и осуден на алтернативна затворска казна, оти дозволил неговиот син да го земе и вози електричниот тротинет без дозвола на татка си. Обвинетиот добил три месеци затвор, ако во наредната една година не стори ново кривично дело. Нему му се судеше за кривичното дело Предизвикување на општа опасност.

    Според обвинението, настанот се случил на 1 мај годинава, кога родителот го оставил електричниот тротинет во дворот од семејната куќа со што бил достапен за управување, а обвинетиот свесен дека може да биде управуван од неговиот малолетен син. Подоцна детето го земало електричниот тротинет, качило уште едно дете на него и додека се возеле по стрмните велешки улици, паднале и двајцата полесно се повредиле.

    Пресудата следи откако во јавноста се споделуваат информации дека родители со нивно неодговорно однесување дома, придонесуваат да се користат автомобили, огнени средства, воздушни пушки од чие користење потоа настануваат други кривични дела.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира