УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА НЕГУВАТЕЛКАТА ОД ВЕЛЕС, КОЈА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА ИМ ДАЛА ЕЛЕКТРОНСКА ЦИГАРА

    УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА НЕГУВАТЕЛКАТА ОД ВЕЛЕС, КОЈА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА ИМ ДАЛА ЕЛЕКТРОНСКА ЦИГАРАНегувателка во Детската градинка „Димче Мирчев' од Велес, која дозволила децата да пробаат електронска цигара доби условна затворска казна (Фото: СДК.МК)

    Условна затворска казна доби В.И. (39 ) од Велес, негувателка во Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес,  која дозволила децата да пробаат електронска цигара. Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донел првостепена пресуда против негователката во градинката, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

    „Вработената е прогласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара. Судот ѝ изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од пет години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција“, соопштија од ОЈО Велес. Настанот се случил на 29 септември минатата година, во клон „Маргаритка“ кој е во месноста Дворови. 

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира