УСТАВНИОТ СУД ЈА УКИНА ОДЛУКАТА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ДУП ВО КУМАНОВО, УТВРДИ ДЕКА НЕ ГО ЗАГРОЗУВА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС

    УСТАВНИОТ СУД ЈА УКИНА ОДЛУКАТА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ДУП ВО КУМАНОВО, УТВРДИ ДЕКА НЕ ГО ЗАГРОЗУВА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕСГрадоначалникот Максим Димитриевски беше обвинет дека со суспензијата на ДУП-от се пресметува со инвеститорите на штета на општината (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд ја укина одлуката за суспензија на примена на Детален урбанистички план во Куманово, бидејќи оценил дека има отстапки во постапката за донесување одлука кои претставуваат повреда на начелото на владеење на правото, предвидено со членот 8, став 1, алинеја 3 од Уставот.

    Уставниот суд на денешната седница ја укина одлуката за суспензија на примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од Урбан блок Б. С. Гојчо, дел од Урбан блок 44, плански опфат меѓу бул. Трета МУБ, ул. Перо Чичо, ул. Прва петолетка и ул. Миле Кипра во Општина Куманово, со површина од 3,24 хектари“, соопштуваат од Уставниот суд.

    Во одлуката се вели дека суспензијата на ДУП е донесена во спротивност со членот 23, став 6 од Законот за урбанистичко планирање.

    Согласно Законот, по претходно добиено мислење од министерот за транспорт и врски, барателот на мислењето Општина Куманово изработува стручен елаборат. Во конкретниот случај, добиеното мислење не е во насока на донесување на оспорената одлука за суспензија, бидејќи Општината не успеала преку стручниот елаборат да докаже постоење на штета по јавниот интерес“, стои во образложението на судот.

    Оттаму велат дека во мислењето од надлежниот министер за транспорт и врски се наведува дека стручниот елаборат на општината не содржи конкретни податоци со кои се докажува несомнена штета по јавниот интерес, која е воочена во текот на спроведувањето на планот.

    Урбанистичкиот план кој е суспендиран со оспорената одлука на Општината е донесен на 28 декември 2021.

    Mнозинството во Советот на Општина Куманово, од партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, го суспендираа ДУП-от во јуни 2023, со образложение дека е загрозен јавниот интерес, иако само 18 месеци пред тоа беше изгласан од истите членови без никакви забелешки. Советниците од коалицијата на СДСМ тогаш обвинија дека градоначалникот Максим Димитриевски се пресметува со инвеститорите на штета на општината и граѓаните.

    Иницијативата до Уставниот суд ја поднесоа сопствениците на градежните фирми „УПМ-ГРУП“ и „ХРОМАК Емил“ од Куманово, кои водат судска постапка против Димитриевски за злоупотреба на службена положба. Тие велат дека штетата во оваа и во други постапки поради суспензијата на ДУП-от е околу два милиона евра.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира