УТРЕ 7 ЧАСА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА

    УТРЕ 7 ЧАСА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД БИТОЛАЛепенки со вакви известувања од ЕВН се поставени на бандерите на улиците Илинденска и Седми јули. (Фото: СДК.МК)

    Делови од Битола утре, 26 декември, од 8:30 до 15 часот ќе бидат без струја. Лепенки со вакви известувања од ЕВН се поставени на бандерите на улиците Илинденска и Седми јули, на кои пишува дека се работи за планско исклучување и се молат граѓаните за разбирање. Исто така, и денеска делови ид улицата Илинденска се без струја скоро еден час.

    Ова се улици со стотици домаќинства, а има и фирми кои има имаат дуќани. Битола нема организирано парно греење, па добар дел од жителите и фирмите се греат на инвертер клими, односно на струја. Ова ќе значи дека утре, во еден од најстудените денови оваа зима кога се очекува дневната температура да биде до 5 степени, ќе останат без греење.

    „Кога ја видов лепенка се јавив во ЕВН и ми кажаа дека ќе немаат струја овие две улици. Што ми останува друго освен утре да го затворам дуќанот. Кој ќе ми ја плати загубата? И тоа не е најстрашното. Живеам во близина, имам мали деца и болна мајка, утре ќе останат без греење. Дали вакви мерки мора да се преземаат во најстудените денови“, ни рече сопственик на дуќан на Илинденска.

    И денеска, а и пред неколку дена на Илинденска имаше прекин во електричното напојување. Во последните две недели се случува во делови од градот да снемува струја по половина час.

    Од ЕВН ни одговорија дека поради испад на четири 10кВ кабелски изводи во трафостаницата „Битола 4”, дел од Битола денес остана без снабдување со електрична енергија. Велат дека екипите на Електродистрибуција веднаш излегле на терен и во рекордно време санираа три изводи. Се продолжува со работа за санација и на последниот извод.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира