В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД E КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ, ЗАМЕНИКОТ НА ПОКОЈНИОТ СТОЈАНОСКИ

    В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД E КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ, ЗАМЕНИКОТ НА ПОКОЈНИОТ СТОЈАНОСКИВ.д. градоначалникот Константин Герогиевски е управител на охридската клиника „Дарон“, а по професија е лекар интернист. (Фото: СДК.МК)

    Константин Георгивески е в.д градоначалник на Охрид, кој досега беше заменик на покојниот Јован Стојаноски. Вака денес одлучија советниците на Советот на Општина Охрид, а за изборот на Георгиевски гласаа 15 советници од вкупно 23.

    Починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски го назначи Георгиевски за заменик градоначалник поради остварените резултати на последните локални избори, кога како носител на советничката листа на СДСМ освои над 15.000 гласа.

    Константин Герогиевски е управител на охридската клиника „Дарон“. По професија е лекар интернист и е еден од најистакнатите кадри на охридскиот СДСМ.

    „Не сум среќен што на овој начин станав в.д. градоначалник на Охрид, но ќе настојувам да ги исполнам плановите што ги имаше за Охрид сега покојниот градоначалник Јован Стојановски”, изјави кусо Георгиевски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира