В ПОНЕДЕЛНИК ПРЕСУДА ЗА ТУЖБАТА ПРОТИВ ЗАЕВ ЗА ОБЈАВЕНАТА БОМБА ВО КУМАНОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Куманово,(САКАМАКАЖАМ.МК)

    В ПОНЕДЕЛНИК ПРЕСУДА ЗА ТУЖБАТА ПРОТИВ ЗАЕВ ЗА ОБЈАВЕНАТА БОМБА ВО КУМАНОВО

    В понеделник ќе биде позната пресудата за лидерот на СДСМ Зоран Заев по приватна тужба на Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ, за објавување на прислушувани разговори во т.н. „бомби“ на прес-конференција на СДСМ во Куманово.

    На денешното рочиште, на кое не присуствуваше Заев, бранителите дадоа завршни зборови и побараа од судот да донесе правилна одлука. Но, аргументите беа различни, па адвокатот на Цветковски побара СДСМ како правно лице, Зоран Заев и Мартин Костовски, претседател на општинскиот органок, да бидат прогласени за виновни и да одговараат за делото за кое се тужени, додека адвокатот на тужените побара ослободителна пресуда.

    „Врз основа на сите докази, обвинетите да се прогласат за виновни и да се изрече соодветна казна. Отежителна околност е што Заев со умисла и свесно влегол во извршување на ова кривично дело, бидејќи одлучувал кои и какви снимки ќе бидат објавени. Ги прекршија човековите права на мене и на многу другу луѓе. Со тоа ќе се стави крај на поединци кои не бираат средства да се пресметуваат со своите политички неистомисленици“, изјави Цветковски.

    Адвокатот Мирослав Вуиќ бараше од судот ослободителна пресуда за трјцата обвинети, затоа што не е докажано кој го вршел прислушкувањето, а објавувањето на снимените разговори била одлука на партијата поради повисоки државни цели, исклучиво заради откривање на криминалите на власта и политичкото пазарење на политичарите со гласовите на граѓаните во изборните процеси.

    „Судот не смее да се претвори во ринг за политички преметки и лечење нечии фрустрации. Во снимките на Цветковски, како јавна личност не се објавени приватни разговори, туку политичко пазарење меѓу два круга на локалните избори со првиот човек на МВР Гордана Јанкуловска. Не постојат никакви елементи за кривично дело“, изјави Вуиќ.

    Цветковски ги тужи Заев, СДСМ и Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговорот меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

    Цветковски претходно поднесе тужба и пред Специјалното јавно обвинителство, која беше отфрлена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира