ВЧЕРА НИЕДЕН, ДЕНЕС 20 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН

    ВЧЕРА НИЕДЕН, ДЕНЕС 20 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОНСпоред информациите од Центарот за јавно здравје, во Општина Тетово има 12 лица позитивни на ковид-19, во Општина Јегуновце 5, Општина Брвеница 2, и Општина Боговиње 1. (Фото: СДК.МК)

    Краткотрајна беше радоста на здравствените работници и граѓаните од Тетово после вчерашните резултати добиени од Центарот за јавно здравје од Тетово, каде не беше регистриран ниту еден случај на заразени од ковид-19. Денешните резултати, кога се регистрирани нови 20 заболени во Тетовскиот Регион, брзо ставија крај на надежта деказаразата стивнува и е ставена под контрола. Според информациите добиени од Центарот за јавно здравје, во Општина Тетово има 12 лица позитивни на ковид-19, во Општина Јегуновце 5, Општина Брвеница 2, и Општина Боговиње 1.

    Во изминативе десетина денови бројот на заразените лица во Тетовскиот Регион се движеше помеѓу 3 и 6, што даваше надеж дека состојбата на теренот постепено се стабилизира. Ваквата состојба како да го опушти и Кризниот штаб на Општина Тетово, па помина една недела, а тој уште не одржал состанок и не се огласи за моменталната состојба во Општината.

    Од Центарот за јавно здравје од Тетово велат дека тие секојдневно се на терен и вршат тестирања и повторно апелираат до граѓаните строго да се придржуваат кон мерките за заштита од ковид-19.

    Во Тетовскиот Регион, заклучно со вчерашниот ден, има вкупно 168 активно болни лица, а досега вкупно заболеле 1.103 лица.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира