ВЕЛЕС НЕМА РЕАЛНИ ВРЕДНОСТИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ СО САМО ЕДНА МЕРНА СТАНИЦА

    ВЕЛЕС НЕМА РЕАЛНИ ВРЕДНОСТИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ СО САМО ЕДНА МЕРНА СТАНИЦАВелес пред 20 години имаше пет мерни станици, денес има само една, кај градинката во населбата Тунел. (Фото: СДК.МК)

    На Велес му се потребни повеќе мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух,  беше кажано на денешната еколошка трибина за животната средина. Велес, кој до пред 20 години беше индустриски центар и имаше пет мерни станици, денес има само една, кај градинката во населбата Тунел. Таа го покрива новиот дел од градот, додека стариот, каде повеќето од домаќинствата користат огревно дрво, нема мерна станица.

    До 2005-та имаше во Бирото за вработување, но таа е отстранета пред две децении.

    „Како локална власт, апелираме до Министерството за животна средина да постави уште две мерни станици, за да може да биде покриен градот целосно. Така ќе имаме покриеност за целиот град и жителите ќе знаат каков е квалитетот на воздухот кој го дишат“, кажа Петре Цилаков, раководител на Секторот за животна средина при Општина Велес.

    Но оваа забелешка не можеше да ја слушне министерот за животна средина Насер Нуредини, кој беше најавен како учесник, но не дојде во Велес. Трибина беше поддржана од Швајцарската Амбасада во Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира