Градоначалникот на Велес Аце Коцевски реагира на поделбата на владината помош за градови во кои што има поголема бројка позитивни случаи на коронавирус. Велес има ист процент на заболени како Тетово, а помал од Прилеп, Куманово и Скопје, но досега не добил конкретна помош, кажа Коцевски на прес-конференција.
„Велес неправедно не го добива тоа што го добиваат други градови. Очекувам дека неделава ова ќе се коригира. Некои општини јавно, на случајни минувачи, делат помош доделена од државата. Ние ја немаме таа привилегија, бидејќи не сме добиле. Не можам да кажам зошто, но очекувам помошта да се дели на праведен начин“, кажа Коцевски.
Тој додаде дека ќе ја донира разликата од минималната плата од 14.500 денари до таа што ја прима како градоначалник на наменската сметка за борбата со КОВИД-19.
П. ПЕЧКОВ