ВЕЛЕС ЗАБРАНИ ЗАКАЧУВАЊЕ НЕКРОЛОЗИ И ПЛАКАТИ НА ДРВЈА

    ВЕЛЕС ЗАБРАНИ ЗАКАЧУВАЊЕ НЕКРОЛОЗИ И ПЛАКАТИ НА ДРВЈАНекролозите ќе се отстрануваат, но казни нема да има (Фото: СДК.МК)

    Општина Велес забрани поставување некролози на дрвјата, но и каков било друг пропаганден материјал. Целта е да се создадат услови за подобар развој на зеленилото во општината. Закачениот материјал на дрвјата ќе се отстранува, а казни нема да има.

    „Согласно одлуката, на дрвјата кои се засадени на јавни површини забрането е лепење на плакати и некролози, како и поставување на електрични инсталации, рекламен и пропаганден материјал, метални држачи, шајки и премази за да не се предизвикува оштетување, заболување или нагрдување на дрвјата. Да се грижиме заедно за зеленилото како предуслов за здрав живот во чиста животна средина“, соопштија од Општина Велес.

    Задолжено за примена на оваа одлука е ЈКП „Дервен“, чии вработени континуирано ќе вршат отстранување на сите материјали и предмети од дрвјата. Од локалната власт апелираат до граѓаните да ја почитуваат Одлуката за управување со зеленилото и на тој начин да придонесат за заштита и зачувување на урбаното зеленило. Најавија дека во наредниот период ќе се постават паноа, како пред јаворите, каде граѓаните ќе можат да поставуваат некролози или друг вид пропаганден материјал.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира