Вчера, од каснување од оси почина велешанецот С. Љ. (60), додека бил на неговото работното место, во фирма во Речани. Веднаш била побарана здравствена помош од службата на Итна помош.
„Повикот е добиен во 11,05 часот, лицето имало убоди по целото тело, раце, лице. Било во кома, дадена му е ампуларна терапија, реанимирано и префрлено на анестезиологија во Велешката болница“, кажа д-р- Василка Пановска, началничка на Итната помош во Велес.
Од Велешката болница потврдија дека добиле случај на лице кое било во тешка здравствена состојба.
„Донесен е пациент во лоша здравствена состојба, без знаци на живот. Реанимиран е, но без успех“, соопшти д-р Весна Николова-Неделковска, портпаролка на Општа болница Велес.
П. ПЕЧКОВ