ВЕЛЕШАНИ КОИ ЖИВЕАТ КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ СЕ ЖАЛАТ НА ЧЕСТИ КРАЖБИ, СЕ КРАДАТ И ПАТИКИ, ТЕПИСИ И АКУМУЛАТОРИ

    ВЕЛЕШАНИ КОИ ЖИВЕАТ КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ СЕ ЖАЛАТ НА ЧЕСТИ КРАЖБИ, СЕ КРАДАТ И ПАТИКИ, ТЕПИСИ И АКУМУЛАТОРИЖителите од улицата Прохор Пчински велат дека во домовите се влегува и дење (Фото: СДК.МК)

    Жителите од стариот дел на Велес, на улицата Прохор Пчински која ги спојува црквите „Св. Богородица“ и „Св. Спас“, се жалат на бројните кражби. Се извршувале почесто дење отколку навечер.

    „Се влегува во домовите, се крадат предмети од помала вредност, како чевли, патики, прашок за перење, теписи. Што било, само да се земе. Таму многумина жители се возрасни, дел од нив се жени кои живеат сами. Тоа што се краде е со мала вредност, но стресот е голем“, велат соговорниците од оваа улица.

    Посочуваат дека не смеело домот да се остави празен, оти веднаш се крадело. Многупати се сретнувале лице в лице со крадците. Имало и оштетувања на автомобили, се краделе акумулатори. Тие за ова секогаш пријавувале во полиција, но велат дека кражбите продолжуваат.

    Од СВР Велес велат дека преземаат активности за запирање на овие кражби, како и на тие од гробиштата на црквата „Св. Спас“.

    „СВР Велес веќе има расветлено две дрски кражби и за нив ќе следува соодветна пријава. Во однос на сквернавењата на гробовите кај црквата ‘Свети Спас‘, осомничени се три лица и се работи на целосно расчистување“, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира