ВЕЛЕШКИОТ КОМУНАЛЕЦ „ДЕРВЕН“ ГИ ПУМПАЛ ЦЕНИТЕ КОН ОПШТИНАТА ЗА ДА ВРАБОТУВА ПАРТИСКИ КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ТВРДИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

    ВЕЛЕШКИОТ КОМУНАЛЕЦ „ДЕРВЕН“ ГИ ПУМПАЛ ЦЕНИТЕ КОН ОПШТИНАТА ЗА ДА ВРАБОТУВА ПАРТИСКИ КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ТВРДИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ„Дервен“ легално ја крадел Општина Велес: цените на услугите кои ги утврдил општинскиот Совет уште во 2011 се далеку повисоки од пазарните, некои и до три-четири пати повеќе (Фото: СДК.МК)

    Долгот на  Општина Велес кон Јавното комунално претпријкатие „Дервен“ изнесува 1,5 милиони евра, ниту една фактура не била платена од 2014.

    Општина Велес  му должи на Јавното комунално претпријкатие „Дервен“ 1,5 милиони евра (89,3 милиони денари) по различни основи, за извршени работи изведени во градот.  Но за поголемиот дел од услугите, цените биле напумпани, вели градоначлникот на Велес Аце Коцевски, кој најави дека ќе побара долгот да се намали за половина.

    „Со увид во документацијата констатирав дека на легален начин е крадена Општина Велес. Сѐ е покриено со одлуки на Управен одбор на ‘Дервен’  и на Советот на  Општина Велес. Цените на услугите кои ги утврдил Советот на Општина Велес уште во 2011 се далеку повисоки од пазарните, некои и до три-четири пати повеќе. Целта била да се испумпуваат пари за да во ‘Дервен’ се вработуваат сѐ повеќе заслужни партиски кадри.  Од 2014 година, ниту една услуга, фактура од Општина Велес  не е платена кон ‘Дервен’. Така е акумулиран долг од  89,3 милиони  денари. Имаме фиктивни, нереални услуги, кои постојат само на хартија“, изјави на прес конференција градоначалникот Коцевски.

    Како илустрација тој даде неколку примери на цени, кои биле нереално високи. Железната конструкција за пешачкиот надвозник кој е порачан  пред изборите, на тендер е добиен за 80 денари за кило челик, во кој влегувале набавка, транспорт и монтажа, додека од ‘Дервен’ за изработка на ракофатите на високите делови на градот, за изработка на урбана опрема клупи, корпи за отпадоци цената била од 220 денари. Метар кубен за темели  на пазарот  чинел 5,5 илјади денари, а ‘Дервен’ фактурирал на Општината 7,8 илјади денари по кубен метар.

    „Најстрашно е тоа што им се случувало на обичните работници, кои земале минимална плата од 10.500 денари месечно, нивниот работен час на Општината е фактуриран по 400 денари за саат, за градежните инженери работниот час е фактуриран 800 денари наспроти реалната од 250, за геометрите бил 600 денари, а реалната е 200 денари. Исто така, пумпани се цените и за користењето механизација. Ровокопач наспроти   реалната 1.800 денари се фактурирал по 4.000 денари од час, а трактор  се наплатувал за 700 денари за работен час, а трактор за  испорака на дрва се наплатува по 400 денари. Фактурирани се и услуги кои не се извршувани. Исфрлање на смет од хотелот ‘Вила Зора’, од  ОУ ‘Ј. Х. Џинот’, од киното, иако се затворени со години, се наплатувани услуги за 823.000 денари“, додаде Коцевски.

    Затоа, тој рече дека ќе побара од  Советот на Општина Велес и од Управниот одбор на ‘Дервен’ да отпише 50 отсто од долгот на локалната власт. Најави дека деновиве ќе платат дел до долгот создаден во 2014, кој бил пред застарување, за да Општината не биде тужена пред суд.   Рече дека не може да се  бара одговорност, оти сѐ било законски  покриено.

    П. ПЕЧКОВ  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира