ВЕЛЕШКИТЕ МУЗЕЈ И БИБЛИОТЕКА РАБОТАТ СО МИНИМАЛЕН БРОЈ ВРАБОТЕНИ, А НЕКОЛКУМИНА НАСКОРО ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА

    ВЕЛЕШКИТЕ МУЗЕЈ И БИБЛИОТЕКА РАБОТАТ СО МИНИМАЛЕН БРОЈ ВРАБОТЕНИ, А НЕКОЛКУМИНА НАСКОРО ОДАТ ВО ПЕНЗИЈАПоради премалку кадар, Градската библиотека во овој период работи од понеделник до петок од осум до 16 часот (Фото: СДК.МК)

    Велешките културни институции работат со минимум вработени.

    Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ има пет вработени, меѓу кои и книговодител и хигиеничар, еден работи во клонот во Градско, а на почетокот од следната година еден од нив заминува во пензија. Во Градскиот музеј има осум вработени, а на почетокот на 2021 тројца одат во пензија. Со ова сериозно е разнишана нивната работа, па Градската библиотека работи од понеделник до петок од осум до 16 часот. Тоа предизвикува реакција кај граѓаните кои одат прва смена на работа и не можат да позајмат книги, кои доста се барани во овој период.

    „Пред некој ден, во посета на Општина Велес требаше да дојде министерката за култура, со која ќе разговаравме токму за овие теми, но ја одложи посетата во последен момент. Во прва прилика ќе побарам да дадат дозвола за пополнување на повеќето испразнети места во музејот и библиотеката“, кажа градоначалникот Коцевски.

    Тој обрна внимание и на состојбата со инспекторите на неколку државни институции.

    „Во трудовата инспекција, УЈП Велес, Државниот пазарен инспекторат и во Државниот инспекторат за животна средина нема ниту еден инспектор. Не личи на град како Велес да биде без инспекциски служби, да доаѓаат инспектори од Кавадарци и Неготино, што значи дека некој не ја терал работата како што треба. Ова придонесува сивата економија во градот да биде во залет бидејќи нема контроли од надлежните“, дополни Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира