ВЕЛЕШКИТЕ СОВЕТНИЦИ БАРААТ ДА СЕ НАБАВАТ ПЕТ СТАНИЦИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ГРАДОТ

    ВЕЛЕШКИТЕ СОВЕТНИЦИ БАРААТ ДА СЕ НАБАВАТ ПЕТ СТАНИЦИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ГРАДОТВо Велес моментално работи само една мерна станица, но и таа не ги мери ПМ 10 честичките (Фото: СДК.МК)

    Советниците од Општина Велес побараа од локалната власт да се распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух на пет локации во градот. Ова е заклучок од седницата на која се расправаше за квалитетот на животната средина во Велес, а по реакциите на граѓаните за работата на варницата „Техно павер“ и за пожарот во „Маслодајна“.

    Целта е транспарентно да се следи состојбата со можно загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот, пишува во документот.

    Во Велес моментално работи само една мерна станица, на Министерството за животна средина, но и таа мери само со два параметра, додека ПМ 10 честичките не се мерат од лани во јули.

    Се побара и информација од Државниот инспекторат за животна средина дали „Технопавер Скопје – каменолом Превалец Велес“ го исполнил условот 6.1.8 од А-интегрираната еколошка дозвола, со кој се пропишува дека е потребно да се постави најмалку една мерна станица во најблиската станбена зона, која се наоѓа во правец на ветерот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира