ВИСАР ГАНИУ, КРИМИНАЛЧУГО, СО ФАЛСИФИКАТ ДОКУМЕНТИ ЛЕГАЛИЗИРАШ ЗГРАДИ ВО ЧАИР, ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ЈАВИШ НА ГЛАВНА КАСА, РЕЧЕ АРСОВСКА

    ВИСАР ГАНИУ, КРИМИНАЛЧУГО, СО ФАЛСИФИКАТ ДОКУМЕНТИ ЛЕГАЛИЗИРАШ ЗГРАДИ ВО ЧАИР, ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ЈАВИШ НА ГЛАВНА КАСА, РЕЧЕ АРСОВСКААрсовска рече дека Ганиу на криминален начин низ Чаир легализирал згради и ги впишувал во Катастар. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Градоначалничката Данела Арсовска денеска со вклучување во живо на нејзината фејсбук страна објави зграда во Општина Чаир за која рече дека градоначалникот Висар Ганиу ја легализирал со фалсификувани документи. Арсовска рече дека Ганиу на криминален начин низ Чаир легализирал згради и ги впишувал во Катастар.

    „Си извршил легализации спротивно од закон, да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар, криминалецу, што цело време ми се закануваш. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи. Ти се лопов и криминалчуга. Дојди на главна каса, те чакам. Викаш оваа зграда се изградила во 2011 во фалсификуваните документи, а таа уште се гради“, рече Арсовска.

    Таа кажа дека зградата на 10 ката без никакво одобрение е изградена на државно земјиште. Објави дека досега Ганиу има легализирано две згради со фалсификати и во моментов, од овие станбени згради се краде струја и нелегално се приклучени на водоводна мрежа.

    „150 дивоградби сум ти спречила, а ти не ми заканувај, ако си маж, дојди“, рече Арсовска.

    На 21 мај, исто така со вклучување во живо на Фејсбук, Арсовска со екипи од Градот шеташе низ Општина Чаир и ловеше дивоградби и и го викаше градоначалникот Ганиу да дојде за да објасни како дозволува секаде низ неговата Општина да се гради на диво.

    Скопското обвинителството денеска соопшти дека за тие сомненија за објекти-дивоградби во Општина Чаир, утрово примило известување од СВР Скопје по кое веќе се постапува. Од Обвинителството потсетија дека „сите службени лица кои имаат сознанија или докази за извршено кривично дело имаат законска обврска тоа да го пријават на надлежните органи, одговорија од Обвинителството“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира