ВЛАДАТА И ДОГОДИНА ЌЕ РАСПИШЕ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, НАЈАВИ МИЦКОСКИ

    ВЛАДАТА И ДОГОДИНА ЌЕ РАСПИШЕ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, НАЈАВИ МИЦКОСКИПред спортските сали во Скопје и Битола имаше големи редици за преземање на ваучерите. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата напролет повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали и догодина ќе се доделат средства за набавка на инвертeри.

    „Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени повеќе од 85 отсто од ваучерите. Тоа зборува дека интересот е голем и правиме сè да го завршиме проектот, а во иднина и да ја зголемиме сумата, се разбира, доколку има интерес“,  кажа Мицкоски.

    Годинава пристигнаа вкупно 18.805 барања по двата јавни повика. На огласот кој не беше за ранливи категории граѓани беа доставени 14.500 барања, а на огласот за ранливи потрошувачи 4.305 барања. Во ноември беа објавени списоците на оние кои добиле ваучери, а доделени се вкупно 6.182, толку средства имаше за таа намена. Пред спортските сали во Скопје и Битола имаше големи редици за преземање на ваучерите. Тие можат да се искористат до 30 ноември.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира