ВЛАДАТА ЌЕ КУПУВА 120 ЕКО АВТОБУСИ, 80 ЌЕ БИДАТ ЗА СКОПЈЕ

    ВЛАДАТА ЌЕ КУПУВА 120 ЕКО АВТОБУСИ, 80 ЌЕ БИДАТ ЗА СКОПЈЕНабавката ќе биде спроведена од Министерството за транспорт и врски. (Фото: СДК.МК)

    Владата ќе купува 120 еко автобуси, од кои 80 ќе бидат дадени на ЈСП „Скопје“, а останатите 40 ќе бидат распределени по други градови. Набавката, како што соопштија од Владата, ќе биде спроведена од Министерството за транспорт и врски.

    „80 автобуси се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на општините“, соопшти Владата.

    ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања за градоначалник на Скопје во 2021 година преку нивната кандидатка, актуелната градоначалничка Данела Арсовска, вети набавка на 250 нови еко автобуси. Но, ова ветување и после три и пол години мандат на Арсовска не се реализиара. Откако дојде до кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, советниците од владејачката партија во Советот на Град Скопје не ги гласаат барањата на Арсовска за набавка на автобуси. Не е спроведено ниту ветувањето за бесплатен превоз за сите граѓани.

    На денешната 65. владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година. Со оваа програма се предвидуваат активности за продолжување со изведување на градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на Турски театар Скопје и изградбата на Стар театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот на Музејот на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино Партизан во Битола при битолскиот Народен театар. Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари (над 2 милиона евра).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира