ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЌЕ ОТВОРА ТЕЛЕВИЗИЈА СО ДОЗВОЛА ОД АВМУ, НЕДОСТАПЕН Е ЗА НОВИНАРИТЕ

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЌЕ ОТВОРА ТЕЛЕВИЗИЈА СО ДОЗВОЛА ОД АВМУ, НЕДОСТАПЕН Е ЗА НОВИНАРИТЕВладиката Петар отвори телевизија што ќе зрачи локално во Скопскиот Регион. (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ѝ дала дозвола на компанијата „Преобразба“, чиј основач и управител е Петар Каревски што е световно име за владиката Петар, да отвори телевизија што ќе зрачи локално во Скопскиот Регион. Од АВМУ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека на Друштвото за производство, туризам, промет и услуги „Преобразба“ ДООЕЛ Скопје му одобриле да отвори телевизиски канал преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс.

    „Дозволата е доделена откако се направија сите проверки и беше утврдено дека подносителот на барањето ги исполнува сите услови предвидени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Основач и управител на друштвото за производство, туризам, промет и услуги ‘Преобразба’ е физичкото лице Петар Каревски“, се вели соопштението на АВМУ.

    И покрај нашите настојувања телефонски да го добиеме владиката Петар, за да го прашаме околу мотивот за отворање телевизија и какви содржини ќе бидат емитувани, тој остана недостапен. Иако е преспанско-пелагониски митрополит, а седиштето на епархијата му е во Битола, сепак компанијата е регистрирана во Скопје.

    Владиката Петар е познат по радикално конзервативни и често дискриминирачки ставови и противник на женските права. Кога во април 2021 се зарази со ковид, владиката Петар се лекуваше во приватна болница. Потоа, тој ги ги отфрли препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници, при што причестувањето се вршеше со иста лажица. Претходно, Петар апелираше в црква да се носат маски за да не се шири вирусот, но на литургиите дел од свештениците и верниците беа без маски. Тој во ноември 2020 дека дотогаш од ковид-19 починале двајца свештеници и над 250 луѓе од неговата епархија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира