ВЛАДИКАТА ПЕТАР НЕ ДОЈДЕ НА СОБИРОТ ЗА СПАС НА ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Ресен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР НЕ ДОЈДЕ НА СОБИРОТ ЗА СПАС НА ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ

    Ниту претставници на Преспанско-пелагониската епархија на чело со владиката Петар, ниту од надлежните институции за заштита на шумите не се појавиле на вчерашниот собир на жителите од ресенското село Јанковец, кои покренаа иницијатива за спас на манастирската шума од сеча. Според информации од присутните, на собирот имало само загрижени жители кои се противат да се сече шумата во коријата на манастирот „Света Богородица“. Жителите го договорија собирот откако пред неколку дена, како што соопштија , во селото дошле шумски инженери и им рекле дека епархијата планира да ја сече шумата.

    Иницијативниот одборот во Јанковец  преку соопштение на нивната фејсбук страна предупреди  дека ако има сеча последиците ќе бидат големи по опстанокот на селото.

    „По преданија од генераци наназад, таа шума го штитела селото од поплави зашто целиот слив на вода од 100 хектари површина се слева низ еден канал кој поминува низ селото помеѓу куќите. По преданија и по лично искуство знаеме во Јанковец од каде доаѓа невремето, од Манастир секогаш иде дождот, знаеме ние многу добро, а знаат и постарите каде дишевме најубав воздух и каде беа најубавите прошетки“, пишуваат од одборот.

    Преспанско- пелагонискиот владика Петар пред три  дена во телефонски разговор ни рече дека нема масовна сеча на шумата, туку ако сечат тоа ќе биде според закон и за потребите на манастирот. Тој уште обвини дека со години се случува дива сеча во шумата, а од жителите на селото никој не презел мерки да го спречи тоа.

    Одборот нагласува „ние сме народот на Јанковец и на цела Преспа, а пастирите наши треба да ја услишат молбата наша зашто народот е пред секакви материјални придобивки, народот е црква жива. Манастирот ако има потреба од било каква помош, ние сме спремни да поможиме во секое време. Исто така, иницијативниот одбор на селото спремен е да се справи и со дивите сечачи на шумата ако институците не работат како што треба и не ѝ излегуваат на црквата во пресрет.“

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира