ВНУКА СО НОЖ ГИ ИЗБОДЕЛА БАБАТА И ДЕДОТО ВО БИТОЛА

    ВНУКА СО НОЖ ГИ ИЗБОДЕЛА БАБАТА И ДЕДОТО ВО БИТОЛАОсомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази. (Фото: СДК.МК)

    Внука со нож ги избодела сопствените баба и дедо во куќа на улицата Солунска во Битола, соопштија од Основното јавно обвинителство.

    Според првичните сознанија на ОЈО, таа се обидела да ги убие бабата и дедо и им нанела повеќе убоди со нож.

    Бабата и дедото се хоспитализирани во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана потребната лекарска помош. Внуката е транспортирана во Психијатриската болница во Демир Хисар.

    По овластување на јавен обвинител, екипи на МВР извршиле увид во куќата каде се случило насилството. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Осомничената е уапсена и се постапува за обезбедување докази.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира