ВО БИТОЛА И СКОПЈЕ СЕ КРАДАТ БАКАРНИ КАБЛИ ОД ПОДЗЕМНАТА МРЕЖА НА ТЕЛЕКОМ И СЕ ОШТЕТУВААТ ШАХТИ

    ВО БИТОЛА И СКОПЈЕ СЕ КРАДАТ БАКАРНИ КАБЛИ ОД ПОДЗЕМНАТА МРЕЖА НА ТЕЛЕКОМ И СЕ ОШТЕТУВААТ ШАХТИИ покрај брзата реакција на техничките екипи, потребно е време за санирање на штетите (Фото: СДК.МК)

    Македонски Телеком се соочува со голем број кражби на кабли и подземна инфраструктура поради што се случуваат и прекини во услугите што ги обезбедуваат за своите корисници во Битола, соопшти компанијата. Кражбите зачестија во изминатите 30 дена и сите случаи се пријавени до надлежните органи.

    „Работиме на расчистување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите“, велат од МВР.

    Последиците од ваквите појави, покрај компанијата, ги чувствуваат и корисниците кои остануваат без услуга, бидејќи е потребно време за санирање на направената штета, и покрај брзата реакција на техничките екипи. Мета на кражбите најчесто се бакарни кабли од подземната мрежа на Македонски Телеком и притоа се оштетуваат и пристапните шахти. Се верува дека кражбите се прават поради продажба на бакарот, кој има висока цена на пазарот.

    „Досега има најмалку 10 случаи на оштетување и кражба во Битола и Скопје, со што станува јасно дека се работи за планирана активност“, додаваат од компанијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира