ВО БИТОЛА ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА КОЛИЧИНА ГРАНАТИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ, ЗА ДА СЕ ИЗВАДАТ СИТЕ ЌЕ СЕ РУШИ И ПАТ

    ВО БИТОЛА ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА КОЛИЧИНА ГРАНАТИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ, ЗА ДА СЕ ИЗВАДАТ СИТЕ ЌЕ СЕ РУШИ И ПАТВо втората акција за расчистување на теренот која трае веќе пет дена извадени се 5.000 гранати со калибар од 75 милиметри. Во земјата се наѕираат уште толку, а се проценува дека подлабоко има плус 5.000 гранати или вкупно во вториот дел од ацијата ќе бидат извадени најмалку 15.000. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на гранати кои се откопуваат кај стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола руши рекорди. Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување велат ова е најголемата количина на неексплодирани гранати пронајдени од Првата светска војна на Балканот.

    Во втората акција за расчистување на теренот која трае веќе пет дена, извадени се 5.000 гранати со калибар од 75 милиметри. Во земјата се наѕираат уште толку, а се проценува дека подлабоко има плус 5.000 гранати или вкупно во вториот дел од ацијата ќе бидат извадени најмалку 15.000. Во првата акција, пак, во октомври, беа пронајдени и отстранети 500 парчиња.

    За да се исчисти теренот ќе мора да се руши и земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола.

    Ова не се испалени гранати, туку војската при повлекување ги оставила и затрупала за да не ги најдат противниците. Среќа е што ги извадиле запалките зашто во спротивно не ќе можеа да се вадат, а нивно уништување на лице место ќе значеше огромна експлозија и големи материјални штети. (Фото: СДК.МК)

    „Тука не завршуваат границите на локацијата, таа продолжува и под патот, најверојатно таа делница од патот од понеделник ќе треба да се затвори за да можеме да продолжиме со работата натаму. Патот мора да се сруши и да се спуштиме на нивото. Тоа е насип од 3 метри и ќе мора да се спуштиме до гранатите за да ги извадиме. Не знаеме до каде се границите на теренот кој содржи гранати“, вели Ефтим Митов, координатор на пиротехничарите во Македонија.

    Ова не се испалени гранати, туку војската при повлекување ги оставила и затрупала за да не ги најдат противниците. Среќа е што ги извадиле запалките зашто во спротивно не ќе можеа да се вадат, а нивно уништување на лице место ќе значеше огромна експлозија и големи материјални штети.


    Бидејќи Битола има само еден пиротехничар, на промош доаѓаат пиротехничари од други градови. Вкупно на терен се четворица, а има илјадници бомби. (Фото: СДК.МК)

    „Бидејќи една со друга се прилепени, ако се со запалки не смеат да се удираат, не смее да се манипулира со нив, а уништувањеето на лице место ќе беше неизводливо бидејќи оваа количина што ја гледаме сега собира 5 тони чист тротил, а за да ги уништиме на лице место ќе ни требаат уште 5 тони, за сите уште повеќе. Овој дел од градот ќе го немаше. Ќе беше неизводливо уништување на лице место и да се евакуираше населението ќе имаше огромни материјални штети. Овие околни згради едноставно ќе ги снемаше“, додава Митов.

    Бидејќи Битола има само еден пиротехничар, на промош доаѓаат пиротехничари од други градови. Вкупно на терен се четворица, а има илјадници бомби.

    „На терен работиме четворица пиротехничари, тројца ќе заминат да се одморат, ќе дојдат други тројца, но јас останувам до крај бидејќи ова е мој терен и сум одговорен. Напорно е, но мора да се заврши и да се исчисти теренот“, вели пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Битола.

    Гранатите се транспортираат до складот во касарната, кој со години беше заштитен само со катанец. Но, по неодамнешното пишување на медиумите дека постои опасност од провала или пожар што би значело експлозија и срамнување со земја на сè што е околу во радиус од 2 километри, конечно ставено е обезбедување. Во две смени дежураат вработени од Дирекцијата, а ноќе се грижи приватно обезбедување.

    Од складот бомбите ќе се уништуваат следниот месец во Криволак. Поради големиот број ќе има над 100 транспорти со камиони, па ќе се бара помош од пиротехничари во МВР и АРМ. Дневно смее да се транспортираат по 1.500 до 2.000 парчиња, па уништувањето ќе трае неколку месеци.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира