Основното јавно обвинителство од Битола даде наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишен маж, осомничен дека сторил три продолжени кривични дела полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Според ОЈО, осомничениот повеќе пати во текот на оваа година во семејниот дом во Битола извршил полови дејствија врз неговите три деца, на возраст од 13, осум и шест години.
Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола за определување притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на лицето му одреди притвор во траење до 30 дена.
Ж. ЗДРАВКОВСКА