ВО БОГОВИЊЕ 4 ДЕНА НЕМА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, 156 ЛИЦА СЕ ПУШТЕНИ ОД ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈА

    ВО БОГОВИЊЕ 4 ДЕНА НЕМА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, 156 ЛИЦА СЕ ПУШТЕНИ ОД ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈАПред три недели нагло се покачи бројот на заболени во Општина Боговиње оти доктор од една приватна здравствена организација, кој работел и како матичен лекар, бил заразен од КОВИД-19, па за кратко време во Боговиње и околните села беа регистрирани 26 заболени, а 156 лица кои биле во контакт со докторот беа ставени во во домашена изолација. (Фото: СДК.МК)

    Според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје, во Општина Тетово досега се регистрирани 74 лица заболени од КОВИД-19, со што Тетово е во самиот врв на градови во државата според бројот на заболени лица од оваа заразна болест веднаш после Скопје, Куманово и Прилеп.

    Но, вистинската состојба со бројот на заболени од КОВИД-19 во Општина Тетово е сосем подруга бидејќи, според Кризниот штаб на Општина Тетово, во градот и околните населени места кои се под Општина Тетово има само 29 заболени лица. Остатокот од 45 заболени отпаѓа на останатите 5 општини од Тетовскиот Регион. Така во Општина Боговиње се регистрирани 26 заболени, во Општина Теарце 5, Општина Брвеница 6, Општина Јегуновце 4 и во Општина Желино 4 заболени.

    Пред три недели нагло се покачи бројот на заболени лица во Општина Боговиње. Доктор од една приватна здравствена организација, кој работел и како матичен лекар, бил заразен од КОВИД-19. За кратко време, во Боговиње и околните села беа регистрирани 26 заболени, а 156 лица кои биле во контакт со докторот биле ставени во во домашена изолација.

    „Докторот е во добра здравствена состојба, а и останатите заразени и тие што се во домашна изолација се во добра состојба. Добро е тоа што засега, последниве три-четири дена состојбата е мирна и немаме нови случаи на заболени, што многу не охрабрува“, изјави д-р Дашмир Дервиши од амбулантата во Боговиње каде работел заразениот доктор.

    И градоначалникот на Општина Боговиње е оптимист дека ситуацијата е ставена под контрола. Вели дека заедно со Општинскиот кризен штаб брзо интервенирале за да се спречи ширењето на заразата.

    „Заразата беше регистрирана кај доктор од една приватна амбуланта овде во Боговиње и беа заразени и пациенти кои доаѓале кај него на преглед. Досега имаме регистрирано 26 заболени. Пред два дена почина една жена, кај која исто така беше регистриран вирусот, но таа беше и подолг период хронично болна. По избивањето на заразата, 156 лица кои биле во контакт со заразениот доктор беа ставени во домашна изолација. Веднаш потоа, во Боговиње но и во околните села беа направени голем број тестирања врз населението за КОВИД-19. На почетокот, имавме и проблеми бидејќи некои лица добија првична информација оти се заболени од вирусот, за да после една недела тие повторно да бидат информирани дека се работело за техничка грешка и дека се негативни, односно не се заразени. На 24 април истекоа оние предвидени 14 денови во кои тие мораа да останат домашна самоизолација и добро е што кај ниту еден од нив не беше регистиран вирусот.  Сега веќе немаме лица во домашна изолација. Исто така, радува податокот дека во последниве три-четири дена немаме регистрирано нови заболени од КОВИД-19“, изјави градоначалникот на Општина Боговиње Аљбон Џемаили.

    Од вкупно 74 заболени во Општина Тетово и околните општини од Тетовскиот Регион, 24 лица се излечени, а 4 починале.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира