ВО ДОМ НА МАЛОЛЕТНИК ОД БИТОЛА ОТКРИЕНИ 3.000 ПАРЧИЊА ПЕТАРДИ, ВО ТЕТОВО ОДЗЕМЕНИ НАД 75.000 ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

    ВО ДОМ НА МАЛОЛЕТНИК ОД БИТОЛА ОТКРИЕНИ 3.000 ПАРЧИЊА ПЕТАРДИ, ВО ТЕТОВО ОДЗЕМЕНИ НАД 75.000 ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВАВо претреси во Битола и Прилеп се пронајдени и одземени 5.000 парчиња пиротехника. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи викендов спроведе акции за одземање петарди и други пиротехнички средства. СВР Битола спрoведе претреси во Битола и Прилеп, при што пронајде 5.000 парчиња пиротехника. Дури 3.000 парчиња биле пронајдени во дом на малолетник од Битола, каде што бил извршен претрес со судска наредба.

    Останатите 2.000 парчиња полицијата ги открила кај А. О. (26) и Ф. И. (36) од Прилеп, кои ги лишила од слобода.

    Во Тетовско, пак, се откриени 75.000 парчиња пиротехника. Тие се запленети при претресите извршени во село Селце и на три импровизирани тезги поставени во Тетово, при што пет лица се лишени од слобода.

    „На 21.12.2024, во периодот од 9:30 до 14:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и во други простории кај Б. А. (40) и кај М. Д. (43) во село Селце, Тетовско и продавница, како и на три импровизирани тезги во Тетово, сопственост на С. М. (35) и М. А. (54), двајцата од Тетово и Ј. Н. (56) од село Буковиќ, Скопско. При претресите се пронајдени 75.889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението издадено од СВР Тетово.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА / З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира