ВО ГРАДОТ НА КЛАВИРИТЕ НИКОЈ НЕ ДАВА ПАРИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО ПИЈАНО НА „ИНТЕРФЕСТ“

    ВО ГРАДОТ НА КЛАВИРИТЕ НИКОЈ НЕ ДАВА ПАРИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО ПИЈАНО НА „ИНТЕРФЕСТ“Фестивалот „Интерфест“ започнува вечерва во 20 часот во Центарот за култура со настапот на виолинистката од Казахстан, Ајман Мусакаџајева и Македонската филхармонија (Фото: СДК.МК)

    Во Битола, позната како град на клавирите, каде во првата половина од минатиот век имало повеќе клавири отколку светилки, денес битолските бизнисмени и фирми не се заинтересирани финансиски да го помогнат натпреварот по пијано што се одржува на Фестивалот на класична музика „Интерфест“.

    Организаторите на 27-то издание на Фестивалот, брачниот пар Милица и Кирил Рибарски велат дека десетте фестивалски денови се поддржани од Министерството за култура и Општина Битола, но институциите, а и фирмите од градот не дале пари за натпреварот по пијано. Единствено само бизнисменот и филантроп Трифун Костовски издвоил 1.000 евра за пијанистот што ќе ја освои првата награда.

    Организаторите а Фестивалот, брачниот пар Милица и Кирил Рибарски велат дека десетте фестивалски денови се поддржани од Министерството за култура и Општина Битола, но институциите, а и фирмите од градот не дале пари за натпреварот по пијано (Фото: СДК.МК)

    „Моментално имаме најголем проблем со натпреварот за пијано зашто никој не сака да го поддржи. Навистина жално е што, пијано натпреварот за дипломирани пијанисти е единствен во Македонија, а не е воопшто поддржан од никого. Постои оспасност да се прекине, а годинава се одржува со наш ентузијазм“, рече уметничкиот директор Милица Шперовиќ-Рибарски.

    На натпреварот по пијано годинава се пријавени 35 натпреварувачи. Шперовиќ -Рибарски вели дека сѐ  уште Битола ја доживува како град на клавирите зашто има нижо и средно музичко училиште со многу солидни професори кои од каде излегуваат силни музички генерации.

    Фестивалот „Интерфест“ започнува вечерва во 20 часот во Центарот за култура со настапот на виолинистката од Казахстан, Ајман Мусакаџајева и Македонската филхармонија. Од денес до 12 октомври во Битола ќе се одржат 15 концерти на светски познати музичари во класична музика. Концертите се поддржани од Министерството за култура со 27. 000 евра, од Општината со 4.000 евра. Само вечерашниот настап чини околу 10.000 евра, а хонорарите на некои музичари во следните денови се по 4.000 евра.

    „Ако спонзори од Битола го помагаат Охридско лето кој е фестивал со реноме старо 58 години, за нашиот фестивал никогаш не можеме да добиеме некоја помош и имаме финансиски проблеми. Јас дури се заморив од овие проблеми“, рече директорот на фестивалот Кирил Рибарски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира