ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЌЕ УГИНАТ ПЕТ ТОНА ПЛАШИЦА И КРАП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЌЕ УГИНАТ ПЕТ ТОНА ПЛАШИЦА И КРАП

    Во каналот Студенчишта кај Охрид кој сега е зимувалиште за малата, но позната плашица, наеднаш можат да угинат околу три тони од оваа риба, што ќе е вистинска катастрофа за езерото, но и за рибниот фонд. Ова денеска ни го изјави претседателот на Спортско риболовното друштво „Свети Апостол Петар” Радован Димитриевски, инаку и автор на многу ТВ емисии за рибарство.

    „Во моментов во зимувалиштето во каналот Студенчишта има околу три тона плашица, но и околу два тона крап карас. Овие риби се во голема опасност. Деновиве гледаме како рибите се појавуваа на површината на водата, барајќи кислород. Во водата нема доволно кислород поради намаленото ниво на водата во езерото и намаленото струење во длабочините на каналот. Под итно треба во каналот да се пуштат дополнителни количини на вода од резервоарот кај ЈП „Про аква”. Во спротивно, рибата во Студенчишта може за само една ноќ да угине. Таков случај имавме пред околу пет години кога поради истата причина угинаа околу 300 килограми плашица”, кажа Радован Димитриевски.

    Во резервоарот кај „Про аква” еден дел се користи за водоснабдување, друг дел за потребите на базените во Хидробиолошкиот завод каде што се одгледува охридската пастрмка, а делот што останува може да се види како тече  на испустите на прочуените Билјанини извори.

    Димитриевски напоменува дека  водата што сега ја гледаме на изворите треба да се пренасочи кон каналот за да можат рибите во него да добијат свежа вода и кислород, во спротивно ни следи катастрофа со несогледиви последици, појаснува тој.

    „За ова да не ни се случува, ние предглагавме на истекот на Црн Дрим во Струга да се постави механички уред кој ќе дозволува да се испушта вода до дозволенот минимум кое го поднесува езерото, а тоа е 693,10 метри. А не како досега клапните (дрвените прегради) да се отвораат кому колку ќе му текне, односно до максимум. Таков механизам мора да се постави под итно”, порача радован Димитривески, познат рибарски стручњак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира