ВО КУМАНОВО 11 ЗГРАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ

    ВО КУМАНОВО 11 ЗГРАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИПрва на ранг-листата со најголем број на бодови е зградата на улИЦАТА Ленинова, на Градскиот плоштад, која е со оштетена фасада. (Фото: СДК.МК)

    Единаесет згради во Куманово ќе добијат енергетски ефикасни фасади преку проектот на „Хабитат Македонија“, кој го финансира Европската Унија. Станува збор главно за згради во центарот на градоте, но има и неколку во населбите, кои се изградени во 1970-тите години и се во лоша состоја.

    Општина Куманово јавниот повик го распиша на 25 мај, а право да аплицираат имаа управители на згради и заедници на станари за реконструкција на кров, фасада и заеднички простории. Општината помага со 30 отсто од вредноста на проектот, а останатите средства ќе ги обезбедат станарите со бескаматен кредит од „Хабитат“

    „Сите објекти кои се избрани ќе бидат реконструирани, а динамиката ќе биде според ранг-листата. Ќе се почне со првите пет, и потоа ќе продолжиме со останатите. Очекуваме до есен да биде готова техничката документација и избор на изведувачи и ќе се започне со градежните работи“, вели Горан Митевски од Општина Куманово.

    Според објавената ранг-листа ќе се работи на згради на улиците: Ленинова број 2/1 и 2, Плоштад Нова Југославија, Иво Лола Рибар 18, Народна Револуција број 1/ 1, 2 и 3, Народна Револуција број 30/ 1 и 2, Димитрие Туцовиќ број 2/1 и 2, Титова Митровачка број 2/1 и 8/4, Моша Пијаде број 224 и 226 и Драган Стопаревиќ број 12.

    Проектот Подобрување енергетска ефикасност во колективно домување, вреден 3 милиони евра, ќе трае две години и ќе бидат опфатени околу 200 објекти, а покрај Куманово вклучени се и општините Карпош и Кочани.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира