ВО КУМАНОВО ПРОМОВИРАНИ 70 МААЛСКИ ПОЛИЦАЈЦИ

    ВО КУМАНОВО ПРОМОВИРАНИ 70 МААЛСКИ ПОЛИЦАЈЦИМинистерот Оливер Спасовски врши увид во новите простории на МВР за лични документи во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Во Куманово од денеска ќе функционира позорникарската полициска служба. Проектот  на МВР за враќање на т.н. маалски полицаец го промовираше министерот Оливер Спасовски, кој рече дека враќањето на  позорникарската служба е од исклучителна важност во полициското работење, поради довербата на граѓаните којашто беше прекината.

    „За да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедни улици, мора да имаме полицајци коишто ќе бидат постојано во контакт со граѓаните, кои ќе ги познаваат граѓаните и тие ќе можат да им се обраќаат за сите нивни потреби. И во делот на превентивата од исклучителна важност е позорникарската служба, бидејќи знаејќи ги луѓето и условите во коишто живеат и работат превентивно ќе делуваат. Граѓаните ќе има на кого да му се обраќаат за сите негативни појави што им се случуваат во нивното опкружување, – изјави Спасовски.

    Во Куманово има 17 позорни реони и ангажирани се 70 позорникари кои ќе работат низ улиците на градот, но новниот број ќе се зголеми во иднина.

    Позорната служба или малскиот полицаец наскоро ќе започне и во СВР Штип и СВР Битола, а ќе продолжи на територијата на целата држава.

    Министерот Спасовски, при денешната посета на Куманово ги промовираше новите простории  во поранешниот Дом на АРМ, во кои ќе работат  управните служби, секторот за странци, секторот за оружје и секторот за прекршоци. На површина од 800 метри квадратни, во современо уреден простор кумановци во иднина ќе вадат лични документи и ќе ги завршуваат своите обврски.

    С. НИКОЛИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира