Во Охрид, вандали почнаа да ги корнат и новопоставените канти за ѓубре, што ги постави „Охридски комуналец”.
ЈП „Охридски комуналец” неодамна издвои значителни средства за набавка на нови садови за депонирање ситен отпад со современ дизајн, а истите веќе почнаа да се уништуваат.
„Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република, која насилно е откорната од своето лежиште“, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грдановски.
Ова не е првпат да се демолира опрема на „Охридски комуналец”. Во строгиот центар на Охрид пред дваесетина дена беа исечени автоматите за влез во јавните тоалети.
Д. ЧУБРИЌ